Лиценцата GNU Lesser General Public License е Free Software лиценца за Слободен софтвер. Како и секоја друга лиценца за слободен софтвер ви ги дава следните четири слободи:
- Слобода да ја користите програмата за каква било цел.
- Слобода да истражите како работи програмата и да ја адаптирате на вашите потреби
- Слобода да дистрибуирате копии за да му помогнете на соседот.
- Слобода да ја подобрувате програмата и јавно да ги објавите подобрувањата, за целата заедница да има корист.
- На секоја дистрибуирана копија морате јасно и соодветно да објавите предупредување за авторско право и забелешка за отсуство на гаранција и да ги оставите непроменети сите предупредувања кои се однесуваат на оваа лиценца и на отсуство на гаранција, а на секој корисник на програмата треба да му дадете копија од GNU Lesser General Public License заедно со програмата. Секој превод на GNU Lesser General Public License мора да биде проследен со GNU Lesser General Public License.
- Ако ја модифицирате вашата копија и копии од програмата или некој нејзин дел, или развивате програма заснована врз неа, вие можете да го дистрибуирате делото што ќе го добиете под GNU Lesser General Public License. Секој превод на GNU Lesser General Public License мора да биде проследен со GNU Lesser General Public License.
- Ако ја копирате или дистрибуирате програмата мора да биде проследена со целосен соодветен машински-читлив изворен код или со писмена понуда, валидна најмалку три години, дека ќе ставите на располагање машински-читлив изворен код.
Секој од горенаведените услови може да биде поништен ако добиете дозвола од носителот на авторските права.
